Mногу тешко e да се предвиди кога ќе се одржи првата конференција на која ќе има формално отворање на преговорите со Европската унија, вели во интервју за Македонско радио евроамбасадорот Самуел Жбогар, додавајќи дека поради состојбата со вирусот во овој момент е тешко за земјите – членки да одржат состаноци на кои ќе бидат физички присутни во Брисел.
Тој појасни дека земјите-членки одржале неколку виртуелни состаноци, но дека тоа не е исто, особено кога се преговара за толку важен документ каков што е мандатот за преговори или, пак, Преговарачка рамка за преговори.
-Мислам дека ни е потребно да одржиме физички состаноци, а токму поради тоа во овој момент е тешко да се предвиди кога ќе се случи тоа. Но, мислам дека времето кое го имаме сега на двете страни треба добро да се искористи за да се подготват многу конкретно за преговарачките ставови за секое од поглавјата. Како што реков, Комисијата веќе се подготвува и ќе им го презентира тоа на земјите – членки во почетокот на јуни, вели Жбогар.
Тој истанува деја по сите напори направени од нашата земја, Европска Унија го испорача ветувањето за почеток на преговори.
-Дури и ако се случи тоа во вакво време, мислам дека е важно да се признае дека ова е патоказ, дека нешто важно се случи, дека ја преминавме линијата, се качивме во возот и возот ја напушти станицата. Земјите – членки решија да отворат пристапни преговори со вашата земја и сега процедурата е почната, вели Жбогар, оценувајќи дека позитивната одлука на земјите членки и нивните лидери се должи првенствено на промените и реформите кои беа направени во земјата.
Како што оценува, нашата држава е подготвена да ги почне преговорите и тимовите да изградат преговарачки ставови за секое од поглавјата кои ќе бидат отворени.
– Се разбира, затоа е многу тешко да се предвиди кога ќе се одржи првата конференција на која ќе има формално отворање на преговорите. Исто така, поради состојбата со вирусот во овој момент е тешко за земјите – членки да одржат состаноци на кои ќе бидат физички присутни во Брисел. Имавме неколку виртуелни состаноци, но сепак тоа не е исто, особено кога преговарате за толку важен документ каков што е мандатот за преговори или, пак, Преговарачка рамка за преговори. Мислам дека ни е потребно да одржиме физички состаноци, а токму поради тоа во овој момент е тешко да се предвиди кога ќе се случи тоа. Но, мислам дека времето кое го имаме сега на двете страни треба добро да се искористи за да се подготват многу конкретно за преговарачките ставови за секое од поглавјата. Како што реков, Комисијата веќе се подготвува и ќе им го презентира тоа на земјите – членки во почетокот на јуни, вели Жбогар.
Новата методологија, укажува, треба да ги направи преговорите подинамични, попредвидливи и, исто така, поверодостојни и повеќе политички.
– Луѓето ќе видат дека не станува збор само за штиклирање на завршени обврски или, пак, за бирократски одговори во преговорите, туку повеќе за вистинска промена на животот во самото општество. Ова е важно за нашите граѓани, но дури и поважно за вашите граѓани да видат. Значи, има многу надеж и очекувања од новата методологија. Вашата земја ќе биде првата која ќе ги почне преговорите по новата методологија и мислам дека е во интерес на Европската Унија и на вашата земја ова да успее, наведува Жбогар.