Гаранции за добивање датум за преговори со ЕУ на земјава нема. Евроамбасадорот Жбогар со порака за единство на политичарите и надминување на разликите.
Европската унија како што посочи тој, се соочува со внатрешни и надворешни предизвици, а тој не може да соопшти дека земјава ќе добие датум за преговори во јуни годинава, бидејќи тоа е одлука на земјите членки.
–ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, вели Самуел Жбогар – Евроамбасадор .
Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски кажа дека очекува добри вести од Брисел за земјава на крајот на месецов по европскиот избори и датум за преговори во јуни. Негова цел како што посочи во текот на мандатот ќе биде да обединува на патот кон полноправно членство во ЕУ.
Очекуваме да слушнеме добри вести идниот месец од Европскиот главен град, Брисел за нашата европска цел, немам сомнежи дека сите вие ќе бидете посветени да ја поддржите нашата цел, и да го исполниме конечно нашиот сон по толку долго време чекајќи во транзицискиот тунел. Како претседател во идните 5 години, ќе се обидам со сите страни да ја исполнам целта за членство во ЕУ и НАТО. Но, на прво место сакам да бидам обединувач на нацијата, истакна Стево Пендаровски – Ново избран Претседател.
Вицепремиерот Османи кој го организираше традиционалниот доручек по повод денот на Европа, посочи дека земјава ќе продолжи со реформите во клучните области и го повтори очекувањето на Владата за добивање датум за преговори со ЕУ во идниот месец. Очекувањата на земјава како што посочи тој, се јасни и остварливи.