Евроамбасадоот Самуел Жбогар очекува лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на средбата во вила Водно да најдат решение за датумот на одржување на изборите.
Како што вели Жбогар, двете партии сакаат избори во јули.
Јас го слушав претседателот Пендаровски денеска кога објаснуваше зошто нема да ја пролонгира вонредната состојба. И тој ги покани двајцата лидери на средба затоа што мислам дека имаше многу добра поента дека лидерите треба да разговараат и да најдат решение. Најдобро е секако ако сите се согласат за датумот. Мислам дека тоа е многу добар гест од негова страна и се надевам дека кога ќе се сретнат лидерите ќе најдат решение. Не се многу далеку двете или сите партии сакаат избори во јули. Прашањето е само да се согласат за датумот, а тоа не би требало да биде премногу тешко – изјави Жбоогар во интервју за „ТВ Телма“.
Заев и Мицкоски се на средба во претседателската вила на Водно откако претседателот Стево Пенадросвки ги повика да најдат решение кога да се одржат предвремените парламентарни избори.
Пендаровски во обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но оти тие треба да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.
Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор.