Македонија 26. јуни 2020. / 18:23

Завршил распитот на Ден Дончев: Се очекува да биде повикан пред обвинител!

Завршил распитот на Ден Дончев: Се очекува да биде повикан пред обвинител!

Завршил распитот во полиција на екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, дознава Лидер.

По ова тој треба да биде изведен пред обвинител, но се уште е непознато како ќе се одвива процесот.

Откако Лидер објави дека е уапсен Ден Дончев, неколку новинарски екипи се упатија пред полициската станица во Карпош за да го снимаат уапсениот.

Инаку екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, бил приведен и во моментов е на распит во полициската станица Карпош – дознава Лидер од извори во МВР.

Како што дознаваме, Дончев е приведен по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име “Лепливи раце”.

Во видеото се гледаше како тој во торба става снопче паро изрекетирани од една компанија.

Во овој момент не е познато каде е пронајден од страна на полицијата и дали се обидел да бега.

Како што дознаваме, по распитот во П.С. Карпош се очекува тој да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија.