Македонија 04. јануари 2021. / 23:11

Заврши увидот во „Глобал“, се чека што ќе покаже истрагата

Заврши увидот во „Глобал“, се чека што ќе покаже истрагата

Заврши увидот во опожарениот трговски центар „Глобал“. Надлежни екипи на локално и централно ниво собираа докази. Обвинителството изврши увид на местото на настанот.

Поради пожарот, дел од граѓаните на Струмица, останаа без услугите на Телекабел.

Оттаму информираат дека, проблемот е надминат и дека е обезбеден пристап до нивните услуги. Корисниците од Струмица имаат кабелска телевизија и нивните екипи, продолжуват со работа, се, до активирање на другите сервиси, соопштија од Телекабел.

Во меѓувреме, се отвора и посебна истрага, зошто, не биле функционални хидрантите во трговскиот центар.