Македонија 04. јануари 2019. / 19:35

Заврши средбата Касами-Заев еве што договорија

Заврши средбата Касами-Заев еве што договорија

Премиерот, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на партијата „Беса“ Билал Касами.

Разговарале во пријателска атмосфера. Ќе има средба на работна група до вторник за дефинирање на конечните позиции.

-На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од Беса на Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции- наведуваат од владината прес служба.

Заев сака да обезбеди гласови за двотретинско мнозинство за уставните промени. Предлозите на Касами детално ќе се разгледаат.