Во 19.00 часот заврши собирањето на потписите на кандидатите кои претендираат да учествуваат на претседателските избори на 21 април, односно на 7 мај. Собирањето започна на 23 февруари. Од Државната изборна комисија велат дека по полноќ ќе започне пребројувањето на потписите, по што ќе следува соопштение за бројката на кандидати кои го исполниле условот.
Доколку одреден кандидат сака да учествува на изборите за претседател на Македонија треба да собере најмалку 10.000 граѓански потписи, доколку не добија поддршка од најмалку 30 пратеници во Собранието.
Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова иако имаа поддршка во бројки од пратениците, собираа и потписи, а исто така познато е дека овој услов го исполни и Блерим Река.
Филип Петровски, Димче Петровски, Јосив Мирчевски се преостанатите кои исто така собираат потписи.
Засега се уште никој во Државната изборна комисија не ја поднел својата кандидатура, а рокот истекува на 21 март.