Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен.
Во еден момент од протестот ситуацијата ескалираше и започнаа тепачки.
Демонстрантите фрлаа со разни предмети кон полицијата, по што Итната помош мораше да интервенира и да ги хоспитализира повредените полициски службеници.
Засега најмалку приведено е едно лице, учесник во протестот.
Учесниците во протестот во еден момент беа на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаа на локацијата на Бит Пазар. Полицискиот кордон ги потисна демострантите кои предизвикуваа инциденти и во моментов ситуацијата е смирена. Според претходните најави, демонстрантите планираа да се движат од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде се очекуваа и изјави за медиумите.мо
Во своите изјави бараат меѓународни експерти да ги преиспитаат случаите случаи „Монструм”, „Алмир”, „Алфа”, „Харун Алиу”, „Бродец” и други, а некои од нив побараа од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја напушти Владата.
– Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции, порачаа учесниците на протестот.
Пратениците Скендер Реџепи од Алтернатива и Елми Азири од Алијанса ги смируваа демонстрантите на протестот за случајот „Монструм“ кои почнаа да фрлаат со предмети по полицијата, оти не добија дозвола да го продолжат маршот до Основниот суд и до Собранието.