Македонија 31. мај 2019. / 17:23

Заврши изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид – Заев поканет на отворањето

Заврши изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид – Заев поканет на отворањето

Заврши изградбата на минарето на Али пашината џамија во Охрид, информира дописничката на Сител од Охрид.

Таа информира дека денеска е откриен верскиот објект а на него е поставена кровна конусна купола.

Од здружението Совест кои во повеќе наврати бараа стопирање на нелегалните градежни активности велат дека охриѓани се измамени и го повикаа премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“.

Минарето се најде во забелешките на УНЕСКО кој во најновиот извештај препорача природното и културното наследство на охридскиот регион да се стави на листата на загрозено светско наследство.