Македонија 11. април 2020. / 18:15

Затворените граници оставија стотина пациенти со ретки болести без лекови

Затворените граници оставија стотина пациенти со ретки болести без лекови

Крајно време е да се направи итна набавка на лекови за пациентите со ретки болести, а кои досега нивните семејства ги набавувале од странство. Од почетокот на здравствената криза и затворањето на границите, лицата со ретки дијагнози имаат сериозен проблем да дојдат до нивните медикаменти, пренесува Сител.

Семејствата на околу 100 пациенти пробуваат на секој начин да се снајдат за да ги обезбедат лековите, а најранливи се децата. Голем дел од нивните родители во моментов чекорат значително отежнат пат, за да дојдат до потребниот лек кој се наоѓа надвор од границите на Македонија.

Од Здружението на лица со ретки болести апелираат на итна организација, за да се излезе во пресрет на овие лица.

Апелите кои траат подолго време немаат ефект кај надлежните, тврди Алексовска. Единствениот одговор можат да го чујат преку прес конференциите на министерот Филипче.

Проблем за пациентите со ретки болести моментално претставува и земањето на редовна терапија, пишува Сител.

Чекајќи ги одговорите на нивните барања, овие лица можат да добијат бесплатната телефонска психолошка помош, која станува достапна во се повеќе градови низ Македонија.