Затворениците во Истражниот затвор Скопје бараат заштитни мерки, во спротивно ќе штрајкуваат со глад, пренесува телевизија Телма изјави на затвореници кои денеска се сретнале со директорот Есад Рахиќ.
Ова следува откако денеска се потврди дека починал затвореник позитивен на корона вирус.
Затворениците баараат управата да изврши тестирање на сите затвореници, нивно раздвојување во келиите, ослободување на оние со најлесни казни за да се ослободи простор во затворот.
Претходно денеска, министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека притвореникот, кој починал од срцев удар, немал симптоми на корона вирусот, но обдукцијата покажала дека тој е позитивен.
– Обдукцијата покажала дека притвореникот од затворот Шутка е позитивен на коронавирусот и сега се прават епидемиолошки анкети на сите оние кои биле во близок контакт со него, информираше денеска министерот.
Затвореникот дошол во затворот на 8-ми март со притвор за полесно кривично дело и за неколку дена требало да го напушти притворот.