Македонија 12. март 2020. / 09:03

Затворен граничниот премин Прохор Пчински, патниците се пренасочуваат на Табановце

Затворен граничниот премин Прохор Пчински, патниците се пренасочуваат на Табановце

Согласно насоките од Владата на Република Србија за контролирање на ширењето на корона вирусот, од денеска од седум часот граничниот премин Прохор Пчински е затворен за патници и возила.

Поради таквата одлука сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево.