Македонија 14. февруари 2020. / 19:42

Затуроска: Овој пратенички состав ќе биде запамтен по носењето уште еден монструм, поголем од СЈО

Затуроска: Овој пратенички состав ќе биде запамтен по носењето уште еден монструм, поголем од СЈО

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, која прва зема збор, по паузата, во 19:00 часот, истакна дека овој пратенички состав ќе биде запамтен по носењето уште еден монструм, поголем од СЈО.

-Тој монструм ќе работи според потребите и желбите на мафијата во државата. Со ова, ќе ги ставите граѓаните во многу сериозна, незавидна пложба, да бидат мета на мафијаши, рече Затурсока и предложи повлекување на законското решение со цел негова доработка.

Во расправата пред пауазата, пратениците ги повторија своите ставови: владејачкото мнозинство дека донесувањето на законот за ЈО ќе значи почеток на борбата против корупцијата и криминалот, а ВМРО-ДПМНЕ дека законот се турка со сила и противуставно, само за да се спасат Заев и други владини функционери од одговорност.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пред паузата во 18.00 часот, рече дека Собранието од 19:00  ќе продолжи со работа без прекин, додека не биде распуштено.