Полицијата заедно со државни пазарни и комунални инспектори за време на изминатиот викенд извршиле контрола во 26 угостителски објекти за почитување на одлуките и протоколите во врска со коронавирусот и притоа констатирале извршување на три кривични дела и повеќе прекршоци, информирааа денеска од СВР Струмица.
Во еден од угостителските објекти, е констатирано кривично дело за непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, два прекршоци заради пуштање на гласна музика и присуство на малолетници по 24 часот.
Наредната ноќ полицијата и инспекторите контролирале четири угостителски објекти при што се констатирани две кривични дела за непочитување на здравствените прописи и прекршоци за пуштање гласна музика и прусуство на малолетници.
Од Секторот за внатрешни работи Струмица апелираат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата на Република Македонија и законските правила и прописи.