Македонија 20. август 2018. / 22:51

Зарем сеуште таму одите на одмор? Видете ги налепниците на македонските возила!

Зарем сеуште таму одите на одмор? Видете ги налепниците на македонските возила!

Деновиве на неколку македонски возила во некои туристички места во северна Грција беа залепени налепници до следнава содржина: „Ти не си Македонец, ти си Словен, Македонија е грчка“. По оние официјални налепници кои грчките цариници сѐ уште ги лепат (не на сите возила, со многу помала фрекфенција од порано, и со многу послаб лепак) на возилата на македонските туристи кои одат на одмор во Грција, ова се некои нови „обележувања“ кои некои Грци посакуваат да ги истакнат.

Очигледно е дека и покрај сѐ што се случува на политичката сцена во однос на македонско-грчките односи, ваквите работи уште долго време ќе бидат дел од нашиот „фолклор“.