Македонија 12. април 2020. / 19:25

Заразена со коронавирус е вработена во клиниката за онкологија – во моментов е на кислородна поддршка

Заразена со коронавирус е вработена во клиниката за онкологија – во моментов е на кислородна поддршка

Вработена во клиниката за онкологија, е заразена со коронавирусот. Хоспитализирана е во општата болница „8 септември“ и според информациите на тв 24 се наоѓа на кислородна поддршка, пренесува тв 24.

Дека транспортерка од онкологија позитивна на коронавирусот за тв 24 потврдува и директорот Нино Васев. Заболената според Васев работела како тарнспортерка и пренесувала медицински материјал, а во одредени случаи и пациенти на дополнителни прегледи надвор од клиниката за онкологија.

Васев тврди дека пациентката со ковид-19 10 дена не доаѓала на работа со оглед на тоа дека на онкологија работата во групи. Но, сите останати кои биле со неа во смена ќе останат во изолација, пренесува тв 24.

Се чека од епидемолозите насоки и за останатите контакти. Директорот на клиниката вели дека сите вработени имале заштитна опрема, дека клиниката редовно се дезинфицира, но и дека дополнително по потврдениот случај ќе има дезинфекција.

Васев уверува дека клиниката за онкологија е безбедна за сите пациенти. За случајот е информиран и Центарот за јавно здравје.