Официјално еден заразен во централната дирекција на АХВ, вработена во секторот, каде раководител е Вања Кондратенко, брат на Зоран Кондратенко, бизнисмен кај кого беше дијагностицира Ковид 19, пишува АК-прес.мк.
Медиумите и јавноста во неколку наврати апелираа, дека вработениот Кондратенко, кој иако е во контакт со заразен член на своето семејство оди на работа и непречено си ги извршува своите работни обврски. Кондратенко се среќавал со луѓе, а учествувал дури и на состаноци во Министерството за здравство, каде бил присутен и министерот Венко Филипче, и сите доктори од кризниот штаб.
Според неофицијални информации, заразената во АХВ, учествувала на состаноци на Комисијата за заразни болести на која учествувал и Филипче, а била и во контакт со Зоран Атанасов.
На потег се институциите серизно да го истражат случајот и да утврдат дали вработената се заразила од непосреден контакт со Вања Кондратенко, брат на Зоран Кондратенко кај кого е потврден вирусот.
Дали поради аматеризмот на надлежните, Република Македонија ќе остане без контрола на безбедноста на храната, а со тоа ќе биде загрозено и здравјето на луѓето!? Бидејќи после ваков случај ќе треба да се затвори цела институција која е од витално значење за Република Македонија!?, пишува порталот.
Целиот текст можете да го прочитате тука.