Македонија 15. јули 2020. / 07:07

Почна гласањето за избор на десеттиот парламентарен состав!

Почна гласањето за избор на десеттиот парламентарен состав!

1.814.263 граѓани од 7 часот утрово па се до 21 може да го остварат своето гласачко право, со што ќе учествуваат во изборот на десеттиот по ред парламентарен состав.

Ова се 25-ти по ред избори кои се одржуваат во нашата држава, а оваа година може да се избира меѓу 15 изборни листи и 1560 кандидати за пратеници.

Граѓаните кои припаѓаат на шестата изборна единица ќе имаал најмал избор за кој ќе го дадат својот глас. Само 10 изборни листи се поднесени во оваа единица, потоа следува третата, каде што има три повеќе, односно 13, а најголем избор ќе имаат гласачите од втората изборна единица, каде сите 15 партии и коалиции имаат доставено изборни листи. Во првата ИЕ има 14, а во четвртата ИЕ 14.

Оваа година гласањето за предвремените парламентарни избори за прв пат во историјата ќе биде по долго за 2 часа, односно ќе може да се гласа до 21 часот, наместо до 19 како во претходните изборни циклуси.