Сеуште е рано да се донесе одлука за воведување на полициски час, смета дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, пишува Локално.
Таа во изјавата за Локално.мк вели дека и покрај тоа што дел од граѓаните не ги почитуваат препораките на Вадата и надлежните институции, сеуште е рано за воведување на нови одлуки за рестрикции во движењето.
Засега миниството за внатрешни работи превзеде мерки за разбивање на групи на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. Воедно ги засили контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири и презема мерки за понатамошно спречување на вакви собири. Има граѓани кои не ги почитуваат владините препораки и мерки, но повеќето се придржуваат кон истите и затоа сметам дека сеуште е рано за да се воведе полициски час, смета дополнителниот заменик министер, Петровска.