Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на град Скопје починал денеска во болницата Систина, откако беше пренесен заради здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирус.
Тој беше назначен за заменик на градоначалникот Петре Шилегов, пред 3 год, во 2017 година.
Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше управител на компанијата „Гемак Трејд“ и сопственик на „Хотелот Парк“.