Македонија 10. март 2021. / 21:54

Жалбата на Мијалков е пред Апелација, Обвинителството против укинување на притворот

Жалбата на Мијалков е пред Апелација, Обвинителството против укинување на притворот

Вишото јавно обвинителство се изјаснило дека е против укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков, изречена по усното соопштување на првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“.

Како што објави 360 степени, својот став обвинителството го соопштило во одговорот на жалбата на Мијалков во која екс-директорот на УБК бара укинување на притворот.

Инаку, истиот ден кога Апелациониот суд во Скопје ја примил жалбата на Мијалков против притворот, таа била пратена на одговор до Вишото јавно обвинителство – Скопје.

Од Апелација потврдиле дека одговорот им стигнал денеска, без да откриваат детали за содржината.

Одговорот од Апелација значи дека наскоро ќе има одлука за жалбата на Мијалков, но сепaк се остава простор дека тоа може и да не се случи до петок.