Македонија 26. јануари 2021. / 15:46

Законот за попис стапи на сила

Законот за попис стапи на сила

Законот за попис ја помина и последната процедура – стапи на сила со објавување на текстот во Службен весник.

Државниот завод за статистика методологијата за целата процедура ќе ја објави најдоцна за 10 дена.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе започне со најавеното собирање на најмалку 10 илјади граѓански потписи за поништување на Законот. Оттаму не се согласуваат ниту со високите казни предвидени за они што ќе одбијат да се попишат.

Од СДСМ пак велат дека се создадени сите предуслови за статистичка операција по сите европски стандарди и дека најважно е да се соберат релеванти податоци за креирање на идните политики за развој на државата.

Во попишувањето ќе бидат опфатени и бездомниците и лицата без документи, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика, а за таа цел биле започнати постапки за изработка на лични документи за овие лица.