Предлог законот за јавно обвинителство денеска помина во матичната собраниска Комисија за европски прашања и сега треба да оди на пленарна седница.
Министерката за правда Рената Дескоска не го прифати амандманот на Алијансата на Албанците, поднесен од пратеникот Сурија Рушиди со кој бараа во новиот закон за јавно обвинителство – незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30 јуни 2017 година.
Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски пушти аудио снимка од укажувач, наводно како Заев му помагал финансиски на Боки 13 за телевизијата.
Пратеникот Панчо Минов иако најавил не поднел комисиски амандман на законот за ЈО, објасни претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби.
За законот за ЈО денеска треба да се изјасни и собраниската Законодавно-правна комисија.