И покрај огромното пробивање на рокот за доставување на ценовник за платена политичка програма до ДИК, денеска телевизијата „1 ТВ“ на контроверзниот Боки 13, добила дозвола од државната изборна комисија да емитува реклами за изборната кампања.
Како што дознава „Економски Лидер“ од свои извори во инситуцијата, во ДИК биле под огромен притисок да и дозволат на „1 ТВ“ да има реклами за кампањата.
-Се јавувале и притискале високи функционери на власта кои барале на „1 ТВ“ да му се овозможат реклами, по што ДИК денеска попушти. – вели нашиот извор.
Инаку, претходно ДИК ја диквалификуваше „1 ТВ“ од политичко рекламирање поради двонеделното пробивање на законскиот рок за доставувањето на ценовникот за реклами до комисијата.
Подоцна, „1 ТВ“ поднесе и тужба против ДИК до Управен суд, но на први месецов, управниот суд ја отфрли тужбата на телевизијата.
Сепак и покрај пресудата и очигледното незаконско работење на „1 ТВ“, на крај тие по се изгледа оваа телевизија ќе си добие политички маркетинг.
Инаку, премиерот Зоран Заев и јавно бараше провладиниот медиум да биде ставен на листата на ДИК.