Седница на Собранието на ќе се расправа за уставните нацрт-амандмани е закажана за в сабота, 1 декември.
Според независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со нивните предлози кои се веќе дел од нацрт-амандманите се зајакнува македонскиот идентитет, јазикот и културата.
Пратениците во сабота ќе расправаат за следните нацрт амандмани:
Амандман XXXIII
Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.
Амандман XXXIV
Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.
Амандман XXXV
Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
Амандман XXXVI
Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.
Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.
Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.
Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.