Емил Јакимовски се наоѓа во полициска станица на распит за заканите што изминатиот период ги упати кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и кон директорката и други вработени во Централниот регистар.
Од МВР ја потврдуваат информацијата од каде додаваат дека откако ќе заврши распитот ќе се знаат следните чекори.
Двете новинарки вчера го пријавија Јакимовски во полициска станица, но освен кон нив тој упатувал закани и кон директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски и вработени во институцијата.
Јакимовски беше вработен во Централниот регистар, но викендов доби отказ поради нарушување на угледот на институцијата.
Во неделата беше хакирана и фејсбук-страницата на Централен регистар од каде што објавија дека се сомневаат дека зад тоа стои токму Јакимовски, кој ја креирал страницата уште пред 10 години кога бил раководите на Одделението за маркетинг и односи со јавност.