Македонија 23. октомври 2019. / 11:41

Захариева: Стопирањето на пристапните преговори на С. Македонија со ЕУ е голема грешка

Захариева: Стопирањето на пристапните преговори на С. Македонија со ЕУ е голема грешка

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева оцени дека одлуката за стопирање на планираниот почеток на претпристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија е голема историска грешка.

Гледате ќе има избори, тоа значи нестабилност – рече министерката, пренесоа бугарските медиуми.

Таа додаде дека Бугарија кажува големо ‘да’ за почеток на преговорите.

Според Захариева, Македонија заслужува да ги почне разговорите за членство во ЕУ, а понатаму целосно да ги исполни условите што ги постави бугарската страна.

Бугарските медиуми потсетуваат дека на последниот самит во Брисел минатата недела, францускиот претседател Емануел Макрон стави вето на почетокот на претпристапните разговори со Тирана и Скопје.