Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева потврди дека ќе дадат зелено светло за Албанија, но не е и за Македонија.
Таа се обрати пред новинарите откако заврши денешната видео конференција на Советот за општи работи на ЕУ.
-Република Бугарија може да ја одобри преговарачката рамка со Албанија, со оглед на тоа дека сметаме оти се исполнети многу од условите што беа одредени во март. Сепак, не можеме да го поддржиме тоа со Северна Македонија, изјави попладнево Захариева.
Таа тврди дека нема напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство кој беше потпишан летото 2017 година.
-Добрососедството треба да се базира на пракса, а не само на текст, вели таа.
Република Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија не смета дека е подготвена. Ова го изјави во утринската емисија „Денот започнува“ министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
Захариева: За Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е