Во оваа фаза, не можеме да и кажеме „да“ на Северна Македонија, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за БТВ.
„Ако Бугарија замижи на фактот дека Северна Македонија продолжува да ја следи идеологијата поставена од Сталин и Тито, тоа би било од корист за Москва“, рече Захариева за желбата на Софија да го блокира процесот на пристапување на Северна Македонија кон
На 17 ноември ќе се одржи Совет за општи работи на ЕУ за да се донесе одлука за можниот почеток на преговорите. Захариева рече дека Бугарија нема да каже „да“.
„Нивната идеологија продолжува да се развива како што планираа Тито и Сталин. Затворајќи ги очите, ние ја работиме работата на Москва“, рече бугарската министерка за надворешни работи.
Бугарија, смета дека Северна Македонија во моментот не е подготвена да ги исполни условите да почне преговори, а Захариева, потсети на позицијата на Бугарија дека Скопје не го спроведува во целост договорот за соседство потпишан во 2017 година, целата државна политика се заснова на омраза кон Бугарија и нејзините луѓе, а активноста на историската комисија беше прекината еднострано.
„Никој не го оспорува нивното право да се самоопределуваат и да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат, но ние не се согласуваме дека правото на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историјата и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик“, додаде таа.
Нема начин да се каже „да“ во оваа фаза, нагласи министерката. Таа додаде дека Бугарија има отворена рака кон Северна Македонија.