На плус 30, Македонија се гуши. ПМ- 10 честичките три , четири, па се до 10 пати над дозволеното. Апсурдно, август е најзагадениот летен месец години наназад. Утринава Кавадарци се најде лидер на листата најзагадени. Но не дека не се дише само во централна Македонија. Секојдневно се менуваат носителите на неславното прво место . Сликата е слична и во метрополата. Симптоматично, Скопје е неколку пати над дозвлените граници во месеци кога градот е најпразен. Гази Баба,Карпош, Ректорат, Миладиновци, мерните станици ретко кога мерат под 50 микрограми на метар кубен, честички кои се канцерогени од прва категорија.
Активистите од коалицијата О2 од 31 јули до 3 септември регистрирале 19 надминување на ПМ -10 честичките само на мерната станица Ректорат.
Симптоматично, мерните станици во голем дел од летните денови се сервисираат или не се во функција. Невладините перманенто ја водат институционалната битка. Но резултати нема.
Од О2 секојдневно посочуваат на палењето на отворено, но никој не го санкционира, иако е казниво и недозволено, решение за овој пробелм нема.
Само со вистински инспекции, со мерења, со казни, со намалување на дозволените емисии за PM10, PM2.5 од индустриските извори, со решавање на проблемот на дивите населби покрај кеј и на други места низ градов, може да се надеваме на подобрување на состојбата.
Кога државата, Град Скопје ќе го реши летното загадување и ќе ги доведе вредностите за PM10 околу 20 μg/m3, а за PM2.5 околу 10 μg/m3 во просек низ летните месеци, тогаш ќе можеме да зборуваме за намалување на зимското, каде греењето придонесува со еднаква мера. Сè до тогаш, ние нема да излеземе од маѓепсаниот круг на перманентно загаден воздух во Скопје, велат од коалицијата О2
Во лето, кога домаќинствата не се затоплуваат, оџаците не чадат, чади од дивите депонии. Чади наутро, чади и попладне , пред инспекторите да дојдат на работата и кога како администартивни работници ја напуштат во 16.30. Чади и на социјалните мрежи. Револтирани граѓани секјдневно испраќаат фотографии на кои многу лесно може да се лоцира изворот на загадување.
-Копа на запалена шума, штипе. Сите прозори ги затворив.
-Секоја вечер иста песна…дали почна некоја фабрика пак да гори гуми како порано…
– Од пред еден час, смрди во Мичурин!! Ме разбуди смрдеат од сон. Пишав маил до инспекторатот за животна средина, очигледно не се преземаат мерки. Дали некој знае каде може да се провери какво загадување е извршено врз организам…
-Огромни облаци дим нод регионот на Усје. Несовесност до бескрај.
-Но и понатаму чади… и тешко се дише..
Реакции не само на социјаните мрежи, граѓаните доставуваат и до локалните власти, но и натаму чади.
Од Министрството за животна средина и просторно планирање велат дека за инспекцискиот надзор и контроли за загадувањето е задолжен Инспекцискиот Совет, владино тело кое е формирано пред три години.
Оттаму пак велат , за да реагираат тие некој треба да прогласи загадување. Но сепак тие вршат инспекциски контроли само врз големи индустрии, (фабрки, рудници), загадувањето од помали размери, како палење на гуми, диви сметилишта е во одговорност и контрола на локалните власти.
Од Град Скопје пак тврдат дека инспекторите вршат надзор 24 часа во денот, интензивно и системски работеле да се намали загадувањето на воздухот во градот. Наспроти фактичката состојба и резултатите од мерните станици, од Град Скопје не констатирале надминување на граничните вредности на згадувачки супстанци во емисиите во воздух.
На прашањата на Лидер, кој загадува, што констатирале инспекторите, утврдени ли се загадувачите, која е збирната инпекциска слика од скопските оптини, градот со одговор и совети до граѓаните како да не се загадува воздухот.
-Освен тоа, се прават напори и да се подобри надзорот и со ангажирање на дронови кои во реално време ќе им испраќаат информации на дежурните екипи, кои ќе можат да интервенираат и на лице место да ги санкционираат прекршителите. Покрај наведените активности, значајно е да ги стимулираме граѓаните да ја користат бесплатната линија 193 за пријавување на огнови на отворен простор, со што би се влијаело на ефикасноста на теренските екипи. – велат од Грат Скопје.
Но, иако во претходните одговори инспекторите не констатирале дека воздухот е загаден, сепак викендов санкционирале и казнувале. Без конкретен одговор кој, не упатија да се информираме на новоотворениот фејсбук профил, посебно направен за оваа намена- Инспекторат на Град Скопје
Според статистиката, македонците дишат загаден воздух во просек 1/3 од годината. 120 дена граѓаните во своите бели дробови ги внесуваат канцерогените ПМ 10 честички кои влегуваат директно во крвниот систем и се разнесуваат насекаде низ телото, предизвикуваат мозочни и срцеви удари, разни типови на рак, респираторни заболувања