Македонија 15. јули 2020. / 12:04

Заев заедно со сопругата Зорица гласаа во Струмица

Заев заедно со сопругата Зорица гласаа во Струмица

Навистина, овие се многу поразлични избори од  кои било други, но не се помалку важни. Многу се важни заради тоа што со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе успееме за следните четири години и секако каков ќе биде животот на граѓаните во следните четири години. Верувам дека со нашата позитивна и промотивна кампања успеавме да ги осигураме и да ги убедиме граѓаните дека коалицијата предводена од СДСМ, коалицијата „Можеме“, е таа која ја очекува најголемата поддршка, рече лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица број 4, Зоран Заев, кој заедно со сопругата Зорица денеска гласаа на избирачкото место 1730 во Струмица.