Македонија 21. септември 2018. / 19:55

Заев со порака: Внимавајте судии!

Заев со порака: Внимавајте судии!

Судијата кога ќе одлучува ќе знае дека секој ќе му ја гледа пресудата, им испрати порака премиерот Зоран Заев на судиите од трибина во Пробиштип. Дали ова е индиректно признание на Заев дека судството сепак не работи независно?

– Секој ќе чита во рочиште, секој ќе знае кои биле доказите, па нема да може да фаќа кривини. Има да носи одлуки по Устав по закон и по сопствено убедување и ќе го правда до крај и судијата и обвинителот – рече претседателот на Владата.

Ваквата порака е уште една во скандалозните откако претходно премиерот повика на поткуп на гласачи сопственик на една голема компанија од Крива Паланка да го „одврзе ќесето и да им подели по уште една плата на работниците- предреферендумски, како што му рекол дека ќе стори кога бил кај него“.

Меѓу другото, Заев е и прв човек на Советот за реформи во правосудството, што само по себе е преседан на европско ниво-премиер да води тело за судски реформи, и тоа во состојба кога Македонија континуирано добива забелешки од Брисел за партизираност на правпосудниот систем.

Поранешни судии и правни експерти јавно говорат за притисоци во сите судски инстанци, за нарачани процеси, а вчера уставниот судија Јосифовски и јавно кажа дека биле повикувани на разговори пред вчерашната седница, за да ги отфрлат претставките против одлуката за распишување на референдум и спорното референдумско прашање.