Македонија 14. јануари 2021. / 21:49

Заев со порака до ракометарите: Ќе ви бидеме поддршка во секој миг од натпреварите

Заев со порака до ракометарите: Ќе ви бидеме поддршка во секој миг од натпреварите

Ви посакуваме победа во дуелот со Шведска и голем успех на Мундијалот. Веруваме во вас и горди сме што ќе го пренесете македонскиот спортски дух во светски рамки, напиша премиерот Зоран Заев вечерва на неговиот фејсбук профил.

Овој статус Заев го напиша по повод првиот настап на Светското ракометно првенство на Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во Египет.

– Ќе ве бодриме од нашите домови и ќе ви бидеме поддршка во секој миг од натпреварите. Тоа нека ви биде мотив повеќе да дадете сѐ од себе и да нѐ направите уште погорди, напиша на ФБ премиерот Заев.

Во продолжение ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус.

Ракометната репрезентација на Северна Македонија вечерва го има првиот настап на Светското ракометно првенство кое се…

Posted by Zoran Zaev on Thursday, January 14, 2021