Македонија 25. декември 2019. / 15:15

Заев се обидува да се спаси со местени анкети

Заев се обидува да се спаси со местени анкети

СДСМ со блага предност пред ВМРО-ДПМНЕ, покажува последната анкета на МЦМС, според која, доколку утре се одржат избори, 22,1% од анкетираните ќе гласаат за СДСМ, а 20,4% за ВМРО-ДПМНЕ. Но до пред само пет месеци, агенцијата М-Проспект која ги спроведува анкетите, објави дека доколку утре се одржат парламентарни избори, 25% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 23,1%.

Логично, се поставува прашањето како во јуни ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 1,9% на анкетата, а сега губи 1,7% кога за тој период пред јавноста беше обелоденет случајот Рекет, земјата не доби датум за преговори со ЕУ, Рекет 2, криминална набавка на хеликоптери, аферата вирус и инсулин, игнорирањето на венецијанската комисија, мито за Вартоломеј и разговорот со Порошенко, односно руските комичари.

Последната анкетата спроведена од М-Проспект

Дали според агенцијата ова значи дека граѓаните ги поддржуваат сите овие скандали на власта?

Во слулчајот „Рекет“ инволвирани се луѓе блиски на премиерот Зоран Заев, а се споменува и името на Фросина Ременски која е една од најблиските соработници на Заев и потпретседател на Собранието. Денешното рочиште и сведочењето на бизнисменот Зоран Митревски покажа дека и министерот за надворешни Никола Димитров бил информиран за рекетот од страна на нерезединтниот амбасадор на Летониа.

Големо беше разочарувањето кај граѓаните по недобивањето на датум за преговори со Европската унија иако власта тврдеше дека тоа е завршена работа уште лани и дека се работи за техничко прашање.

Се очекува почеток на судењето за случајот „Рекет2“ во кој една од осомничените е пратеничката Фросина Ременски, како и татко на Бојан Јовановски за незаконското работење на Меѓународниот созујз на Боки 13.

Врева во јавноста се крена и по договорот на Владата за заедничко партнерство за формирање на хеликоптерска единица за медицински цели. Владата, поточно генералниот секретар Рашкоски невешто се обидуваше да објасни кои ќе бидат придобивките од оваа единица и како фирмата „Сархемс“ била формирана 20 дена пред објавување на јавниот оглас.

Уште еден пораз за власта беше и мислењето на Венецијанската комисија околу Законот за јазици. Комисијата најде бројни забелешки и дека тешко ќе оди неговото спроведување, посебно во делот кој се однесува на судските постапки на албански јазик. Згора на тоа власта одбива да го повлече законот и вели дека ќе изнајде други механизми за тој да се усогласи и да биде применлив.

На почетокот на месец декември во јавноста излезе и аферата „Инсулин“, за која Владата и надлежните институции молчат, за уништување на инсулин чиј рок истекува дури после половина година и чија вредност е 1,5 милиони евра. За овој скандал постојат и документи за кои надлежните молчат.

На македонската јавност, кон крајот на ноември и се случи и аферата „Вирус“ откако сопственик на фармациска фирма јавно призна дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови бидејќи фирмата имала потреба од дозвола за интервен увоз. По пријавување на рекетот, сопственикот и фирмата сносат само последици како притисоци, закани, вонредни инспекции, за завршницата да биде незаконско затворање на фирмата.

Телефонскиот разговор се лажниот Порошенко беше уште еден во низата скандали на оваа власт во кој премиерот Заев призна дека со руските комичари разговарал во три наврати мислејќи дека од другата страна на линијата е генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко, дотолку што Заев ветува донација од 100 000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј за да ја признае МПЦ.

Чудните резултати од последната анкета на МЦМС го поставуваат прашањето дали станува збор за уште едно/а штелувана анкета или пак ова значи дека народот се согласува со сите скандали и афери на актуелната власт.