Македонија 19. октомври 2019. / 12:44

Заев повика на итни предвремени избори – најбрзо што може

Заев повика на итни предвремени избори – најбрзо што може

Премиерот Зоран Заев во обраќањето пред граѓаните на Македонија по повод разврската на Самитот на ЕУ лидерите во Брисел, каде не беше постигната одлука за почеток на преговори, повика на итни предвремени избори, најбрзо што може.

Заев рече дека во Брисел ни беше направена голема неправда, дека реформите се испорачани, а проблемите со соседите решени. Но, недобивањето датум е грешка на Брисел и тоа го потврдиле сите европски лидери.

Според него ова неисполнето ветување е исклучително лошо и тој како премиер ја презема одговорноста и предлага организирање брзи предвремени избори, најбрзо што може.

– Сега е потребен вашиот став, немаме време за губење. И затоа мојот предлог е  организирање брзи предвремени избори – најбрзо што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја, рече Заев.

Тој додаде дека овој предлог ќе го предложи на утрешната средба кај претседателот Стево Пендаровски.