Македонија 21. декември 2020. / 11:58

Заев: Пописот ќе чини пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011

Заев: Пописот ќе чини пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011

Зоран Заев, претседателот на Владата, на денешната прес-конференција истакна дека во 2021 година, еден од приоритетите ќе биде и спроведување на пописот на населението.

Заев истакна и колку ќе чини пописот.

– Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, или пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011 година, рече Заев.

Премиерот Заев е уверен дека пописот ќе се спроведе идната година, и после 17 години ќе имаме попис.

– Во Северна Македонија нема попис 17 години. Пописот ќе се спроведе не затоа што сака Заев, ниту дека бара Мицкоски, туку поради тоа што е важно за развој на државата, смета премиерот.