Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање рече дека до крајот на годинава планира да организира лидерска средба иако опозицискиот лидер Мицкоски ппобарал таква средба да организира претседателот на државата.
„До крајот на годината планирам да свикам лидерска средба, секако доколку претходно претседателот на државата тоа не го направи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, го повика претседателот на државата да свика лидерска средба. Не сум во тек што се случува, но доколку не се свика таква лидерска срадба јас би ко контактирал претседателот на државата за една таква намера, доколку не, јас до крајот на годината планирам да свикам една лидерска средба и заради евроинтеграциите и заради справување со ковид кризата“, рече Заев.