Денеска премиерот одново ги повика пратениците на опозијата да прекинат да го блокираат Собранието и да се префрлат на онлајн работа.
– Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Тој додава дека уште еднаш ги повикува пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани.
Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и…
Posted by Zoran Zaev on Wednesday, December 2, 2020