Македонија 10. декември 2020. / 20:29

Заев: Очекуваме Европа да го негува нашиот македонски идентитет и нашиот мајчин македонски јазик

Заев: Очекуваме Европа да го негува нашиот македонски идентитет и нашиот мајчин македонски јазик

Вечерва премиерот на Македонија, Зоран Заев, имаше гостување на Топ Тема на  Телма Телевизија каде зборуваше за многу актуелни теми, како и договорот со Бугарија.

– Имав искрено обраќање, иако на 11 Октомври прв пат зборував јас јавно пред вас новинарите и камерите дека постои таа можност, односно да не се случи првата меѓувладина конференција заради тоа што наративот како се одвиваше и преку овие документи преку кои разменуваме идеи, информации… ми беше јасно до каде се оди, кои се амбициите и аспирациите и должноста како претстедател на Влада да споделите некои очекувања со граѓаните се јасни. Притоа, секако видоа и граѓаните дека има работи за кои што не само што не се преговора, туку не се ни разговара. Јас се надевам дека на нашите пријатели, бугарскиот народ е пријател на македонскиот народ, а со тоа и Владата, претседателот, па дури и опозицијата, треба да знаат дека правото на самоидентитет, на определба, на свој мајчин јазик е наше сопствено, универзално право, загарантирано со меѓународни договори, со универзални човекови права, изјави премиерот, Зоран Заев, во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Дополни дека Европската Унија мора да ги негува сите идентитети.

– Европа во своите фундаментални вредности и своите европски вредности е експонент и пример за многу убави работи, една од тоа е дека ги развива, ги негува сите различни европски идентитет. Впрочем, тој европски идентитет ние овде го негуваме со сите свои различности. Нашата земја е Европа во мало, со различни идентитети во етничкиот смисол на зборот и ние очекуваме Европа исто така да го негува нашиот македонски идентитет и нашиот мајчин македонски јазик, рече Заев во интервјуто.