Премиерот Зоран Заев пред почетокот на Самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел, преку социјалните мрежи ги повикува европските лидери да и дадат зелено светло на Македонија за да преговара за влез во Европската Унија.
– Почитувани лидери на Европската Унија, немојте да ја гасите светлата ѕвезда кон која се стремиме. Немојте да станувате нашата пречка. Бидете нашите херои. Сработивме многу и спремни сме за уште повеќе работа и за соочување со сите предизвици што ги носи процесот – напиша Заев на „Твитер“.
Почитувани лидери на Европската Унија, немојте да ја гасите светлата ѕвезда кон која се стремиме. Немојте да станувате нашата пречка. Бидете нашите херои.
Сработивме многу и спремни сме за уште повеќе работа и за соочување со сите предизвици што ги носи процесот. pic.twitter.com/KZOOGaAinE
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 17, 2019