Македонија 21. октомври 2019. / 23:09

Заев: Имаме комплетно ветување од сите

Заев: Имаме комплетно ветување од сите

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ рече дека негативната одлука од Брисел ќе ја носи како нова лузна како што ја носи онаа од непријатните настани во Собранието од 27-ми април.

Очекувавме ЕУ да ги исполни своите ветувања. Направија историска грешка. Нашата земја помина низ сериозни реформи, а тоа го покажуваат и договорите со соседите. Со Преспанскиот договор го решивме тридеценискиот проблем, но тоа беше и во насока на нашата перспектива во ЕУ, Тешко и болно е за сите нас – рече Заев.

Заев појасни дека иако сите зборувале за Франција и дека тој верувал дека реформите во земјата дополнително би можеле да се направат паралелно со промената на методологијата на ЕУ.

Имавме комлетно ветување од сите. Драго ми е што лидерите на сите 27 членки потврдија дека сме успешни и дека сега проблемот е во ЕУ – рече Заев.