Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2 Oливер Спасовски имаа средби со жители на селото Стајковци, во скопската општина Гази Баба.
Заев и Спасовски, разговарале со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година.
Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност – изјави Заев.
Тие двајца положија и цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.
Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.
Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.
Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес – изјави Спасовски.