Македонија 16. октомври 2019. / 22:16

Заев и Димитров треба да си поднесат оставки ако нема датум, вели Милошоски

Заев и Димитров треба да си поднесат оставки ако нема датум, вели Милошоски

Доколку нема датум за почеток на преговори со Европската Унија, треба премиерот Заев и министерот Димитров во петок навечер до Собранието да поднесат оставки, рече вечерва Антонио Милошоски, во емисијата Топ Тема на Телма.

Милошоски изјави дека посетата на премиерот Зоран Заев во Брисел е задоцнета  и дека според него таа посета требало да се случи пред еден или два месеца, а македонската дипломатија да алармира дека Париз е клучната точка во која треба да се вложи дополнителен напор за Македонија.

Тој рече дека Макрон не изгледа на лабилен политичар како Заев за да ги менува ставовите и дека цената која ја плати Македонија е превисока, а добивката е неизвесна.

-По однос на лажните вести нема поголема лажна вест во авион да се сликате со „лајкови“ Заев, Димитров, Османи и Кочо Анѓушев 2018 година и да кажете историска одлука на ЕУ, добивме безусловен датум, таквото однесување и таквите лажни вести создаваат анимозитет и во Брисел и во Париз. Лажењето на Заев дека сме добиле датум лани, а сега оди и вели „Не гасете ги ѕвездите, сакам да го добиеме датумот сега“ е најголемата лажна вест во историјат на Република Македонија, вели Милошоски.