Македонија 18. февруари 2019. / 09:39

Заев и Ахмети денес ќе договараат заеднички консензуален кандидат

Заев и Ахмети денес ќе договараат заеднички консензуален кандидат

Зоран Заев и Али Ахмети денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба во врска со претстојните претседатели избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека со албанската опозиција барал соработка за заеднички кандидат Албанец, но, двете опозициски партии го одбиле.

Против заеднички кандидат со ДУИ се Алијанса за Албанците и Беса на Билал Касами. Беса на Африм Гаши пак сé уште нема став, а ДПА ќе го поддржи само заедничкиот кандидат на власта.

Партиите од Коалицијата предводена од СДСМ на синоќешната средба средба, постигнаа согласност за заеднички кандидат за претседател, како што велат, во интерес на сите граѓани.