Македонија 10. февруари 2020. / 12:59

Заев договори спас за себе: Со новиот Закон за ЈО „бомбите“ нема да бидат докази, туку само индиции

Заев договори спас за себе: Со новиот Закон за ЈО „бомбите“ нема да бидат докази, туку само индиции

Законот за Јавното обвинителство денеска треба да се најде пред пратениците во Собранието откако неколку минути по полноќ, Владата даде зелено светло Законот за ЈО да биде испратен до собраниските служби, а со тоа и да влезе во процедура за гласање.

Претходно ќе се проверува дали стигнатиот текст од Влада е ист со договорениот бидејќи имало реакции од повеќе пратеници дека не е истиот.

Според текстот на Предлог-законот, усвоен од страна на владата, меѓу другото, аудио снимките односно „бомбите“ кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги предаде во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат докази само во случаите за кои се покренати обвиненија до 30 јуни 2017 година, односно 18 месеци од предавањето на материјалите.

Ова го предвидува членот 110 од Законот за јавно обвинителство.

– Материјалите и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали за предметите покренати до 15 септември 2019 можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог, предвидува членот 110 од Законот за јавно обвинителство.

Ова значи дека Законот го ослободува Зоран Заев од одговорност за прислушкуваните материјали за кој се погласно се зборува дека ги има.

Членот во Законот предвидува сите останати материјали  и транскрипти од незаконско прислушуваните материјали кои не се дел од предметите кои се во фаза на истрага не можат повторно да се преслушаат и да се употребат во било која постапка и се уништуваат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови, се вели во дел од членовите на законот.