Македонија 10. септември 2018. / 16:05

Заев доаѓа во градот: Власта ги злупотребува учениците во Свети Николе (ФОТО)

Заев доаѓа во градот: Власта ги злупотребува учениците во Свети Николе (ФОТО)

Учениците од гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе утринава од директорот биле принудени да носат столчиња и ученички клупи за денешната трибина на премиерот Зоран Заев, која ќе се одржи во 18:00 часот на плоштадот во градот.

-Не собраа сите машки од нашиот клас и ни наредија да ги носиме клупите и столчињата на плоштадот, потоа сите си отидовме дома. – сведочи за Лидер еден од учениците.

Ова значи дека наставата била прекината околу пладне. Последен пат ослободување на учениците од настава поради поста на политичар во еден град се забележани во време на поранешната СФРЈ.

Поголем дел од учениците биле малолетни, по што се поставува прашањето дали власта злоупотребува и деца во политички цели.

На фотографијата која што ни ја доставија средношколците, се прикажани столчињата и клупите кои сега се на плоштадот каде што вечерва ќе говори премиерот.