Владата донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, цела седмица.
-Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, стои во соопштението.
Меѓу другото, на седницата било заклучено поранешните армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.
Одлучено било и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест КОВИД-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.