Направен е план за ставање во функција на болницата „Осми Септември“ за третман на пациентите заболени од корона вирус.
Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, еден оддел на болницата ќе биде пренаменет за да може да згрижи пациенти заразени со корна вирус.
Со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип на лекарска интевенција за пациентите кои се сомнителни или имаат потврден коорна вирус и со цел да се зачуваат останатите капацитети ќе намениме едно одделение во болноицата „Осми Спетември“. Направивме посета со посебна комисија директори на повеќе клиники, претставници на комисија за инфективни болести за да се утврди текот на движење на пациентите, делови за изолација во делот на тријажата, приемните амбуланти, една посебна операциона сала, една ангиографска сала, кабинет за ехо дијагностика и еден целосно посебен одел кој има 22 кревети и две респираторни машини. Со оваа работа ги обезбедуваме сите пациенти кои ќе бидат сомнителни или дијагностицирани дека имаат корона вирус, а ќе им биде потребна друга форма на помош хируршка или друг тип на интервенција директно да бидат препратени во болницата „Осми Септември“ со цел да не шетаат по другите јавно-здравствени институции. Тука ќе биде воспоставен алгоритамот и кадарот кој помина кратка едукација на инфективната клиника во смисла како да се пристапи на пациентите, како да се земе материјал при што доколку станува збор за пациент за кој има самомсомнение и нема потреба од голема итност ќе се почека резултатот и ќе се одлучи дали ќе се лекува во редовниот дел на болницата или во овој дел за изолација којшто денеска беше утврден – објасни Филипче.