Македонија 11. март 2021. / 17:10

За утре закажана седница на Советот за безбедност

За утре закажана седница на Советот за безбедност

Утре, 12 март 2021 година, петок, со почеток во 13:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи единаесеттата редовна седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Седницата ќе се одржи со единствена точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, од страна на прес службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани соопштение, инсерти и фотографии од седницата.