Македонија 17. март 2020. / 13:40

За услугите на МВР граѓаните ќе можат да се информираат преку бесплатна телефонска линија

За услугите на МВР граѓаните ќе можат да се информираат преку бесплатна телефонска линија

Министерството за внатрешни работи од утре во функција ќе ги стави бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот [email protected]  на кои граѓаните ќе можат да добијат соодветна информација за функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата. Услугите се достапни на македонски и албански јазик.

-Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно, порачуваат од МВР.